Комисијата за компензација при Обединетите нации денеска соопшти дека исплатила дополнителни 380 милиони долари отштета за инвазијата на Ирак во 1990 година и седуммесечната окупација на Кувајт. Со тоа, вкупната сума исплатена на побарувачите во светот достигна 50,7 милијарди долари

Комисијата соопшти дека, по денешната исплата на Владата на Кувајт, претстои да се платат 1,7 милијарди долари, колку што побара кувајтската нафтена компанија „Кувајт Петролеум“ за претрпените загуби како резултат на штетата во нафтените полиња.