Американската армија ќе ги преземе сите неопходни чекори за да се спротивстави на однесувањето на Иран во регионот, и се уште проценува дали тоа би можело да вклучи нови акции или удвојување на постоечките, соопшти денеска Пентагон.
– Ќе ги преземеме сите неопходни чекори за да му се спротивставиме и да го спречиме иранското малигно влијание во регионот, изјави портпаролот на Пентагон, полковник Роберт Менинг.
Тој додаде дека Пентагон проценува дали да ги удвои постоечките акции или да примени нови.
Менинг не прецизира на каков вид акции мисли.