Американското Министерство за одбрана потврди дека почна да повлекува дел од опремата од Сирија.

– Потврдувам дека почнавме со повлекување на опремата од Сирија, изјави неименуван претставник на Пентагон.

Но, тој не наведе од кои сириски подрачја се повлекува опремата на американската армија.

Според непотврдени извори Централната американска команда (ЦЕНТЦОМ) одредила бродови и авиони кои ќе бидат употребени за акцијата на повлекување на опремата од Сирија.

Процесот на повлекување почна по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп од декември минатата година за повлекување на американската армија од Сирија.

Таквата одлука доведе и до оставка на секретарот за одбрана Џејмс Матис.