Новото тестирање на американската хиперсонична ракета AGS-183A во рамките на програмата ARRW (Air-Launched Rapid Response Weapon) беше неуспешно, објави специјализираниот портал The War Zone, цитирајќи претставник на американските воздухопловни сили.

Според ограничените информации објавени од воздухопловните сили, властите во четвртокот тестирале хиперсонична ракета што требало да биде лансирана од стратешкиот бомбардер Б-52. Локацијата на лансирањето не е наведена. Војската очекуваше ракетата да се забрза пет пати побрзо од брзината на звукот.

– Лансирањето беше прекинато пред да биде пуштена ракетата поради непознат проблем, изјави подоцна портпаролот на американските воздухопловни сили. Според него, ракетата ќе му биде вратена на производителот, а анализата на телеметријата и податоците од авионот ќе започне веднаш. Американската војска очекува што е можно поскоро да ги обнови тестирањата.

Ова е трет неуспешен тест на ваков проектил. Претставници на Пентагон постојано признаваат дека САД заостануваат зад Русија и Кина во производството на хиперсонично оружје.