Портпаролот на Пентагон Џон Кирби изјави дека руските сили се обидуваат да се приближат до главниот град на Украина, Киев, но се уште се надвор од центарот на градот.

„Гледаме дека руските сили одат понатаму и се обидуваат да се приближат до Киев од земја“, рече Кирби на брифингот во Пентагон.

„Сè уште проценуваме дека тие се надвор од центарот на градот, но она што јасно го знаеме е дека имаат намера да влезат во Киев“, додаде тој.

Украинците „прилично ефективно пружаат отпор околу Киев“, додаде Кирби. „Тие многу им ги отежнуваат работите на Русите и ги насочуваат да одат на југ“, додаде тој.

Кирби не можеше конкретно да каже дека рускиот конвој бил виден на сателитските снимки како се движел кон Киев.