Пензионерите пак ќе бидат извисени. Ниту серијата протести, ниту јавниот револт поради скапотијата, ништо не вроди со плод за да живеат подобро во сопствената држава.
Па така, пензионерите на 1 октомври ќе добијат усогласена септемвриска пензија, зголемена за 6,8%, пради растот на трошоците за живот и на просечната плата.
Тоа значи дека оние со најниски пензии, кои во моментов изнесуваат 11.897 денари, ќе добијат дополнителни 810 денари, додека, пак, 75 приматели на највисока пензија (69.803 денари) ќе се израдуваат на плус 4.750 денари.