Од денеска почнува исплатата на зголемените пензиите на пензионерите кои два месеца протестираа за линеарно зголемување на пензиите.
Пензионерите ќе земаат повисоки пензии за 5,3 отсто, согласно методологијата за раст на пензиите. Од ова покачување најмногу ќе искористат корисниците на највисоки пензии што според пресметките би изнесувало околу 3.700 денари, а пензионерите со ниски примања, кои се во најголем број, на своите сметки ќе добијат само 700 денари плус.
Изминатите неколку месеци голем број пензионери протестираа низ градовите низ Македонија со барање за линеарно зголемување на пензиите од 3.500 денари со цел да им се помогне во услови на голема економска криза и висока инфлација.
Тие порачаа дека ќе продолжат со протестите се до исполнување на нивното барање.
Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска побара формирање на работна група која веќе почна со работа и вети дека за скоро време ќе добијат насоки кон решение на овој проблем.
Во Македонија живеат околу 330.000 пензионери, најголемиот дел од нив, над 97.000 се со пензии до 13.000 денари