Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, ја спореди кошаркарската Евролига со проектот за европската фудбалска Супер лига, истакнувајќи дека идејата, која во фудбалот не заживеа, во кошарката е секојдневие.

– Во кошарката играме во домашно првенство и во Евролига и сè е во ред. Евролигата е формирана со клубови од Грција, Турција, Русија … и кошаркарскиот тим на Баерн, исто така, се натпреварува. Овој проект е важен, во кошарката веќе е спроведен во дело и никој не се бунтуваше. Евролигата ја спаси европската кошарка, рече Перез во интервју за шпанското радио „Кадера Сер“.

Реал Мадрид, на чие чело е Перез, беше меѓу 12. клубови кои ја формираа фудбалската Супер лига од затворен тип, а по големиот притисок од фудбалската јавност и острото противење од УЕФА и навивачите ширум Европа, проектот Суперлига траеше неполни 72 часа.