Хрватскиот играч за врска Иван Перишиќ раскажа што очекува од натпреварот од последното коло во групната фаза на ЕВРО 2020 со Шкотска.

– Се надеваме дека ќе видиме друг хрватски тим. Шкотска ќе биде многу мотивирана, очекувам добар натпревар, се надевам дека ќе оствариме победа и ќе продолжиме понатаму, изјави Перишиќ за официјалната веб-страница на УЕФА.

Натпреварот Хрватска – Шкотска ќе се одигра вечер од 21 часот во Глазгов.

Во исто време, во Лондон, Англија се среќава со Чешка.

Табела по две кола во Д-група: Чешка 4 бода, Англија 4, Хрватска 1, Шкотска 1.