Главната цел на руската воена операција во Украина е заштита на самопрогласената Доњецка Народна Република и Луганската Народна Република, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Генерално, заштитата на републиките е главната цел на специјалната воена операција“, рече Песков.
Русија започна специјална воена операција во Украина на 24 февруари, со цел, според Москва, демилитаризација и денационализација на таа земја.