Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека упорната желба на Украина да се придружи на НАТО и на САД е непосредна закана за Русија.

Тој во интервју за телевизискиот канал Русија 1 истакна дека тое е „потенцијално проширување на воената инфраструктура на НАТО доруската граница“.

Песков истакна дека на Москва не и се допаѓа исходот од средбата помеѓу украинскиот и американскиот претседател Володимир Зеленски и Џо Бајден, бидејќи е продолжување на проектот Украина да стане анти-Русија.