Плановите на шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за создавање на европска одбранбена унија и даваат на ЕУ „воен призвук“ и го потврдуваат ставот дека земјите од европскиот континент ги ескалираат тензиите и методите на конфронтација во надворешна политика, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
-Заедничката одбранбена и безбедносна политика е една од областите на заедничка работа во Европската унија. Тоа беше случај и во текот на европската интеграција, но тоа никогаш не беше главната насока. Тоа што госпоѓата Фон дер Лајен сега го кажа за промената на приоритетите ѝ дава на ЕУ воен призвук, што го потврдува општото надворешно-политичко определување на европските држави кон милитаризација, ескалација на тензиите, конфронтација и потпирање на методи на конфронтација, рече Песков.
Тој рече дека „Руската Федерација не претставувала и не претставува peskov“.
Фото: МИА архива