Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков во интервју за весникот „Експерт“ изјави дека нивото на воената цензура во Русија е без преседан, но оти тоа е оправдано поради „специјалната воена операција“ и војната што се води во информативниот простор.

– Ова е време на воена цензура што е без преседан за нашата земја. Војна се води и во информативниот простор, а овој режим сега е оправдан, наведе Песков.

Тој, коментирајќи го затворањето на одредени медиуми, нагласи дека „не треба да ја заборавиме ситуацијата во која се наоѓа земјата“.

– Погрешно би било да се затвораат очите пред медиумите што намерно се обидуваат да ја дискредитираат Русија … борбата против дезинформациите мора да се води во согласност со актуелните безбедносни предизвици, истакна Песков без да ги именува медиумите.

фото: ЕПА