Никој не е заштитен од можни американски санкции, кои многу често се апсолутно непредвидливи и неосновани, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
– Начинот на кој САД се расфрлаат со санкциите, укажува на тоа дека секој на светот, било да е тоа легитимен ентитет или поединец, е под ризик еден ден да биде изложен на санкции, изјави Песков, одговарајќи на новинарско прашање дали гасоводот „Туски поток“ би можел да биде цел на санкции на Вашингтон.
Песков нагласи дека никој не е заштитен од санкциите, бидејќи тие се воведуваат „апсолутно непредвидливо и неосоновано“.
Во Истанбул денеска ќе се одржи свечена церемонија по повод завршувањето на изградбата на морската траса на гасоводот „Турски поток“, на која ќе присуствуваат и претседатлите на Турција и Русија, Реџеп Тајип Ердоган и Владимир Путин.
Гасоводот „Турски поток“ ќе транспортира руски гас преку Црното Море до Турција, со можност од таму да продолжува кон Европа.
Гасоводот ќе има две линии, од кои секоја одделно ќе биде со годишен капацитет за транспорт на 15,75 милијарди кубни метри гас. Првата линија ќе дистрибуира гас за поторшувачите во Турција, а втората е превидена за транспорт на енергенсот кон Европа и тоа преку Грција до Италија или преку Бугарија, Србија и Унгарија до Австрија.