Подготовките за состанокот меѓу рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун се во тек, но засега се уште не е познато каде и кога ќе се одржи средбата, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој нагласи дека во моментов се разгледуваат детали за разговорите.
Најавата за средба меѓу Путин и Ким доаѓа по разговорите меѓу севернокорејскиот лидер и американскиот претседател Доналд Трамп во февруари во Виетнам, кои беа оценети како неуспешни поради несогласувањата околу санкциите на САД кон Пјонгјанг и нуклеарната програма на Северна Кореја.
Во меѓу време, Трамп најави дека е подготвен за нова средба со Ким.