За 22% повисоки плати за професорите, асистентите, административните и техничките лица од месец март, за вработените од државниот универзитет „Св. Крили и Методиј“ во Скопје, објавува ТВ 24. Откако излезе во јавноста одлукатаз а покачувањето на вработените на УКИМ, и претставниците од универзитетите од Штип, Тетово, Битола, Охрид и од „Мајка Тереза“ Скопје велат дека како синдикални претставници на јавни универзитети во државава, поднеле иницијатива за потпишување на Колективните Договори, односно Предлог-текст и го доставиле до Собранието пред распишувањето на парламентарните и претседателските избори. Велат дека неоправдано и не по нивна вина истите не се потпишани со основачот Собранието. Најдоцна до осми март бараат да се заврши постапката и да се пристапи кон потпишување на Колективен договор, ккао и прием кај техничкиот премиер Џафери. Доколку не се реализираат барањата најавуваат дека ќе излезат на протетси.
Со непотпишувањето на Колективните договори вработените од другите јавни универзитети се ставаат во нерамноправна положба по однос на правата, особено во делот на платите и надоместоците. Заради што сметаме дека неоправдано сме дискриминирани. Ја повикуваме Комисијата за спречување и заштита од дискриминација на Република Северна Македонија активно да се вклучи во решавање на овој проблем, бидејќи на овој начин се кршат основните темелни вредности и уставното начело на еднаквост и недискриминација на граѓаните.
И од ВРЕДИ излегоа со реакција и напад кон актуелниот министер за образование и наука како и кон техничкиот премиер Џафери.
Шетајќи по албанските универзитети и давајќи помпезни изјави со фотографии од Фејсбук, Талат Џафери ги зголемува платите само за универзитетот каде што има помалку од 1 процент Албанци, односно „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје и тоа за ни помалку ни повеќе од 22 отсто, за месеците јануари и февруари, и близу 40 отсто по зголемувањето на минималната плата во март. За да иронијата биде уште поголема, министерот за образование и наука е Албанец, а воедно и министерот за финансии, а во меѓувреме, освен вревата што ја направи ДУИ дека доаѓа албанскиот премиер, на хоризонтот не се гледа позитивна промена.
Надлежните велат дека на овој начин се исполнува обврската на државата која произлегува од колективниот поединечен договор оваа високообразовна установа, потпишан на 29.12.2022.