Над 2.000 евра тој, уште толку од сопругата којашто е вработена во Агенцијата за електронски комуникации, значи заедно со цели 4 илјади евра месечно министерот Бујар Османи кубури – вели не смеам да останам еден месец без плата инаку ќе треба да се задолжувам. Министерот ќе требал да позјамува од пријателите, а тие биле во неверување како долгогодишен функционер живее од плата, објави ТВ Алфа.

Оваа изјава ги разгневи граѓаните кои едвај преживуваат во месецот со просечна плата од 630 евра, или уште пострашноп со минимална која изнесува едвај 350 евра. Дел се гневни, но повеќето го направија кандидатот за претседател од дуи предмет на подбив.

За грев е министерот. Ве молам хумани луѓе, дајте да помогнеме… Кој со вреќа компири, кој со вреќа беашно, орис … Да преживее некако министерот, оти, “Гладен министер оро не игра”.!

Веднаш да се постават кутии за донации во сите амбасади, оти човекот е при крај со министерувањето и со политичката кариера, го наместија да биде претседателски кандидат, а тоа значи на 8 мај станува политички неупотреблив и ќе му требаат парички

Греота човекот 2500е не му стигаат па нека учи школо од оној што зема 20 000ден или воопшто не зема како преживува или можеби тие луге се побогати од него и повеќе имаат за жалење е човекот колку е беден, реагираат граѓаните.

Според последните пресметки, месечната потрошувачка кошничка за едно четиричлено семејство изнесува речиси 1.000 евра, така што за едно семејсртво со просечна плата да го преживее месецот му недостасуваат 350 евра да преживее, или 650 ако е на минимална плата. За разилка од нив, министерот и неговата сопруга, со нивните примања од околу 4 илјади евра, можат да си приуштат дури 4 потрошувачки кошнички.

Минатата година функционерите си ги качија платите за време на инфлацијата од вртоглави 78 % со што живеат далеку од просечниот граѓанин. По цела година ветувања дека ќе ги намали платите, власта дури сега во собранието достави пакет на законски измени, со кои само ќе го спречи дополнителното зголемување од околу 400 евра кое треба да го добијат во март, но не и да ги намали сегашните плати.

Извор: ТВ Алфа