Денес речиси секој посетил блог за убавина или следел совети од Јутјуб. Со достапноста на толку многу информации, изгледа веќе ништо не може да нè изненади. Но, советите во продолжение најверојатно ги немате слушнато, а ќе ви помогнат да решите многу проблеми поврзани со убавината.

1. Паста од јагоди за иритација од бричење

Бричот може да ја иритира вашата кожа, а едноставен начин да ги намалите болката и црвенилото е паста од јагоди и кисела павлака. Нанесете ја мешавината директно на проблематичното место и оставете да делува 10-15 минути.

2. Сода бикарбона и лимон за отстранување дамки од ноктите
10 помалку познати решенија за најчестите проблеми поврзани со убавината

Ноктите пожолтуваат од многу причини – лак, пушење, болести, лоши животни навики, па дури и габични инфекции. Иако е потребно да посетите лекар во случај да станува збор за нешто сериозно, постојат некои третмани што ќе ви помогнат да им ја вратите природната боја. Направете паста од 1 лажица сода бикарбона, половина лажица маслиново масло и една лажица лимонов сок. Со мека четка за заби нанесете ја мешавината на вашите нокти и оставете ја да делува 5 минути. Повторувајте ја процедурата секои 2 недели за најдобри резултати.

3. Активен јаглен за бели заби

Сè што треба да направите е да искршите таблета активен јаглен, да додадете малку вода и да направите паста. Нежно четкајте ги забите со пастата околу 3 минути. Немојте премногу често да го правите ова бидејќи јагленот може да биде груб за вашите заби.

4. Леќа за испукани врвови на косата

Оваа маска за коса ќе ви помогне да се справите со испуканите врвови. Сомелете 70 грама леќа, додајте една лажица грчко сено и малку јогурт. Нанесете ја маската, оставете ја да делува 1 час и исплакнете со топла вода.

5. Аспирин за отстранување калуси

Калусите можат да предизвикаат болка, воспаление и лош мирис. Аспиринот е одличен за нивно третирање, како и за габичните инфекции. Сомелете 4 таблети аспирин и измешајте ги со вода и лимонов сок. Нанесете ја пастата на проблематичните места, покријте ги со крпа и оставете да делува 20 минути. Повторувајте 2 пати неделно.