Совети од Петар Мамонов, рок-музичар, актер и поет, кај нас познат по прекрасниот филм „Остров“.
1.Љубовта не е чувство, тоа е доблест. Тоа е количината на доброто што го правиме, без оглед на примањето. Кога тоа го правиш туку така. На бабата во метро, ќе и го отстапиш местото. Не треба кон неа да чувствуваш нешто, треба да дејствуваш, да работиш.
2. Направете некому нешто добро, без корист, но секој ден. Цело време бидете во плус, во позитива. Ќе видиш како срцето ќе ти оживее! Може да се живее сосема поинаку. Знаете, како во метрото на ескалаторот. Тоа оди надолу, а ти треба да се качиш нагоре, сè те симнува надолу, а ти одиш нагоре. Нема друг начин, треба да се оди кон Светлината.
3. Постави си на себе едно прашање: „Зошто живеам?“. Само тоа, навистина запрашајте се. Мислам дека ако никому не беше добро што денес живеев, дека тој ден ми помина залудно.
4. Сите треба, а јас пред се, да научиме да си кажуваме „не“.
5. Лесно да се каже – тешко е да се направи. Тешко. Но, ако силно се трудите, сфаќате дека едноставно нема друг начин на живот, тогаш успевате.
6. Да не му опростите на оној кој ве навредил- е исто како да се лутите на некој предмет, од кој сте се удреле. Ти си виновен; но толку многу те боли што го удираш или фрлиш тој предмет на под. Па што? Само може раката да ти помодри или предметот да отскокне од подот и да те удри по челото! Навредата е пеколна состојба: никаде не дава мир.
7. Животот понекогаш удира, но тие удари се лекови.
8. Научете да губите и да не жалите поради тоа.
9. Мораме да знаеме дека сите лоши мисли не се наши, тие се од ѓаволот. Нашите се добри. Затоа треба да се сакаме себеси. Но, себе – како што си бил првично замислен. И сето блудство, алчност – не се мои. И – полесно е. Сето туѓо почнуваш да го бркаш.
1о. Според мое мислење, светецот се разликува од грешникот по тоа што научил да сака.
11. Ако направивме 9100 чекори од Бога и еден чекор кон Бога, тогаш се движиме.
12. Духот создава форми за себе. Не може да се биде лош човек и добар писател.
13. Без љубов човекот умира жив – жив труп. Тој оди, ја извршува својата работа, ја извршува својата должност, но се гуши.
14. Ние се интересираме за тоа како е во Бангладеш, како е во Јапонија по земјотресот. Кој земјотрес ?! Кај секој од нас има земјотрес внатре. Еден човек тоне во реката. Вреска, „Помош!“ А кажи му: „Знаеш, во Јапонија…“
15. Ако правиш добро и тоа го откриваш пред луѓето, тогаш доброто не се случило.
16. Правилно велат: Во гроб нема џебови. Тоа што си го собрал во душата, со тоа ќе легнеш! Животот на човекот е како воздух. Човекот има почеток и нема крај! Разберете, колку е интересно!