Прославата на скопските бадникари и бадниковите поворки во Скопје, ќе се спојат во една единствена манифестација пред Соборниот храм, на Бадник, 6-ти Јануари 2020 (понеделник), информираат од „Бадникови поворки“.

-Токму на ден Бадник, 6-ти Јануари 2020 (понеделник), и старо и младо, сите ќе се собереме на едно место, со иста цел, мисла и радост – најдостоинствено да го најавиме Христовото Раѓање, велат од „Бадникови Пораки“.

Пред Соборниот храм е поставена и големата Божикна пештера.