Оваа диета важи за една од најефикасните за оние кои испробале многу режими на исхрана во борба со вишокот килограми. Со диетата можете да стопите едно кило за еден ден. Се држи 15 дена, а појадокот е секогаш ист.

Појадокот за секој ден е ист: 1 овошје (портокал, круша, праска, било што освен грозје и банана).

ПРВ ДЕН

Ручек: 1 портокал, 1 варено јајце, 200 мл јогурт.

Вечера: 2 домати или 200 мл доматен сос, 2 тврдо варени јајца, 2 двопеци, половина краставица или малку зелена салата.

ВТОР ДЕН

Ручек: 1 портокал, 1 варено јајце, 1 чаша јогурт

Вечера: 125 г варено говедско, 1 домат, 1 двопек, 1 шолја кафе или чај без шеќер

ТРЕТ ДЕН

Ручек: 1 варено јајце, 1 портокал, 1 чаша јогурт, 1 краставица или малку зелена салата.

Вечера: 125 г варено говедско, 1 портокал, 1 двопек, 1 шолја чај или кафе без шеќер.

ЧЕТВРТ ДЕН

Ручек: 125 г кравјо сирење, 1 домат, 1 двопек

Вечера: исто како и претходниот ден.

ПЕТТИ ДЕН

Ручек: 200 г варено месо или риба, 1 домат, 1 двопек.

Вечера: половина килограм варен морков, компир или грашок.

Напомена: зеленчукот или месото варете ги без сол или користете сосем малку.

Направете пауза со шестиот и седмиот ден и продолжете со диетата осмиот ден.

Алкохолот во овој режим на исхрана е строго забранет.

Срцевите болни мора да посетат кардиолог пред примена на оваа или било која друга диета.