Бугарскиот премиер Кирил Петков на официјалната страница на Фејсбук на Владата на Бугарија објави текст по повод 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.
-Денеска ја славиме 150-годишнината од раѓањето на еден од најсветлите умови во нашата историја – бугарскиот револуционер Гоце Делчев. Тој е еден од симболите на борбата за слобода, идеолог на македонско-одринското револуционерно ослободително движење. Гоце Делчев е составен дел од нашата заедничка историја со луѓето од С. Македонија. Тој е една од личностите кои ги прават горди и двата народа, напиша Петков.
А во Македонија, претседателот Стево Пендаровски изјавува дека „Пеков е како Нелсон Мандела“ и дека на Пендаровски не му пречи заедничкото славење на македонскиот великан Гоце Делчев.