Два дена по информацијата која ја објавија медиумите дека францускиот претседател, Емануел Макрон, има подготвено план за затворање на бугарско-македонскиот спор кој во Париз треба да му биде презентиран на бугарскиот државен врв, прво бугарскиот претседател, Румен Радев одби да патува за Париз, а денеска бугарскиот премиер, Кирил Петков, изјави оти тој не видел таков предлог.
„За планот на Франција, иако јас лично не сум видел ништо црно на бело, се разбира ние секогаш сме отворени и подготвени да разговараме со сите наши европски партнери ако имаат некакви предлози кои имаат смисла, но ќе повторам, тие треба да се во рамките на рамковната позиција на Бугарија “, изјави Петков.