Владејачката партија ДУИ, за прославата на јубилејот „20 години на власт“ промовира видео со обраќање на претставници од неколку помали етнички партии во кои се велича партијата на Али Ахмети.

Во видео-честитката до ДУИ, проф. д-р Аспазија Софијанова вели дека конечно сега Власите во Македонија можат слободно да се декларираат, а во минатото тоа не било така оти имале опструкции за нивното слободно изјаснување.

Во видеото има претставници и на други помали партии од кои може да се слушне дека „ДУИ е заслужна и за членството на Македонија во НАТО, за правата на Бошњаците и на Ромите, а може да се открие и дека ДУИ го бранела територијалниот интегритет на државата.

Лидерот на ПЦЕР, Самка Ибраимовски вели дека од ДУИ успеале многу, покрај другото и поради тоа што ги вработиле своите членови.

Видеото може да го отворите ТУКА.