Сите Бугари знаат дека правата на Бугарите во … Македонија треба да бидат заштитени. Од тука натаму да ја тргнеме настрана таа политичка реторика, туку да се работи. Јас очекувам во следниот период … Македонија да направи некаков вид институција при тамошната Влада токму за правата на Бугарите, вели бугарскиот премиер во интервју за ТВ Нова
Бугарското вето ќе биде повлечено откако “работата ќе биде завршена“, изјави бугарскиот премиер Кирил Петков за софиската „Нова ТВ“. Според Петков, долгорочниот интерес на Бугарија се совпаѓа со интересот на … Македонија, бидејќи, како што вели, никој не сака сосед кој не е во ЕУ и со затворени граници.
Петков нагласи дека неговата Влада „нема да прави ништо“ без одлука на бугарскиот парламент и ништо нема да биде сокриено од јавноста.
„Вистината е следна. Јас мислам дека сите Бугари знаат дека … Македонија треба да е во Европската Унија. Сите Бугари знаат дека правата на Бугарите во … Македонија треба да бидат заштитени. Од тука натаму да ја тргнеме настрана таа политичка реторика, туку да се работи. Јас очекувам во следниот период … Македонија да направи некаков вид институција при тамошната Влада токму за правата на Бугарите“, изјави Петков.
Утринава, шефицата на неговиот кабинет Лена Бориславова во интервју за БНТ кажа дека Петков нема да го посети Скопје. Притоа, дополнувајќи дека и кога била на дневен ред меѓувладината конференција, Петков потенцирал дека нема да потпише никаков документ во Скопје.
„Наскоро нема да има посета, бидејќи немаме документ на кој можеме да работиме врз основа на Договорот за добрососедство. Така што, како што вчера потврди и македонската страна, меѓувладината конференција се одлага се додека не видиме чекори поврзани со исполнување на критериумите и разбирање, што покажуваат заштита од дискриминација на бугарското етничко малцинство“, изјави Бориславова.