Бугарската влада го пренесе ставот на премиерот во оставка Кирил Петков по повод нотата на руската амбасадорка во Софија Елеонора Митрофанова до бугарското Министерство за надворешни работи со која се бара повлекување на одлуката на Софија за протерување на 70 руски дипломати до 1 јули до 12 часот 2022 година.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Петков инсистирал нотата да се повлече и повикал на дијалог меѓу двете земји. Односите меѓу Бугарија и Руската Федерација се долгогодишни, повеќеслојни и од историска смисла од големо значење за судбината на Бугарија. – Поради ова, иако бугарските дипломати во Москва се само 12 лица, руската амбасада во Бугарија ќе има можност да задржи 43 вработени, според одлуката што вчера ја донесе бугарската влада.

Руската амбасадорка во Софија, Елеонора Митрофанова за БНТ изјави дека Москва размислува за прекинување на дипломатските односи со Бугарија поради скандалот со протерувањето на 70 руски дипломати од Бугарија. Русија ги дефинира постапките на бугарската влада како без преседан.

Малубројни протести за одбрана на Русија се одржаа во Софија и Русе, каде рускиот генерален конзулат ќе биде затворен за извесно време.