Теми за македонско малцинство се апсолутно недопустливи, нема да ни да дискутирам за тоа, изјави денеска бугарскиот премиер Кирил Петков во бугарскиот парламент каде информираше за средбите со македонскиот колега, Димитар Ковачевски.
Тој изјави дека организацијата на Македонците од Пиринска Македонија, било провокација кон новиот македонски премиер Димитар Ковачевски.
Петков, зборуваше за дискриминација на македонски граѓани со бугарско самосознание и за наводен говор на омраза кон Бугарија.
– Важно е бугарското малцинство во Македонија да биде признато со промени во уставот, но тоа нема да се доволно. Поважно е за време на преговорите за членство во ЕУ секоја појава на говор на омразата или дискриминација да биде ликвидирана, рече Петков.