Премиерот на Бугарија во заминување Кирил Петков во интервју за „Тајмс“ верува дека направи моќни непријатели во Русија кога ја прекинал зависноста на неговата земја од неа за снабдување со гас.
Петков во интервјуто изјави дека за време на краткото владеење со Бугарија научил вредна лекција за борбата против корупцијата во Источна Европа.
Петков бил ерешен да се бори против влијанието на рускиот претседател Владимир Путин во источна Европа, но стравувал дека Русија планира да го собори од власт пишува британското издание.
Проблемите, според Петков започнале во април кога тој одбил да плати за гас за Москва во рубли, а потоа склучил договор за алтернативни испораки од Азербејџан.
„Азербејџанскиот гас чинеше три пати помалку од гасот од Гаспром, но претходната влада некако се откажа од него. Тие рекоа дека нема гасовод, но се покажа дека имаме постоечка врска која е доволна. Некој се договорил со плати три пати повеќе“, наведува Петков. „Треба да бидете крајно глупави – или корумпирани – за да го направите тоа“, додава Петков
Според Петков, Москва одговорила на потегот со поттикнување на опозицијата во парламентот, што доведе до изгласување недоверба на неговата влада минатиот месец.
Во интервјуто ги споменува и 70-те протерани руски дипломати и ветото за Република Македонија, тврдејќи дека зад сите овие скандали стојат руски интереси или интереси на организираниот криминал.