Граѓаните на Романија коишто имаат земено кредит, ќе добијат право да го одложат плаќањето на ратите во банка за период до девет месеци, објавија романските медиуми.

Министерот за финансии Адријан Кучу, соопшти дека Владата ги одобрила методолошките правила на нормативниот акт што ја дава таквата можност.

Одредбите се однесуваат и на физички и на правни лица погодени од кризата.