Д-р Александар Петличковски, директор на Институтот за имунологија во Студио 10 на ТВ24 истакна дека вакцинираните лица, доколку се заразат ќе имаат поблаг тек на болеста.
-Досега најшироко најраспространета е вакцината на „Фајзер“, и таа покажува одлични резултат кои ги покриваат клиничките резултати. Вакцините не скокнаа од лабораторија вендаш на пазар, пред се тие поминаа многу клинички испитување. Вакцината е за да се намали бројот на заболени и оние кои ќе заболат да имаат поблаг тек на болеста, да не дојде до тешки состојби. Клиничките студии покажаа податоци за секоја вакцина различна ефикасност. Веќе се собираат податоци од терен и за оваа вакцина има најголем број на резултати од Израел и во оваа земја каде се милиони вакцинирани лица се следат статистиките и бројките се прекрасни, вели Петличковски.
Според него, имаме солидно ниво на колективен имунитет кој веќе достигнува 40 проценти само ни фали имунизација и да ја затвориме оваа приказна.
-Британскиот сој сигурно е поодамна во нашава земја поради отворените граници. Но фокусот треба да биде ставен на поголема вакцинација. Ако досега се ширеше ќе имавме голем наплив во болниците, затоа сметам дека не ни се заканува сериозна закана од новиот сој, објаснува Петличковски.