Секое ново одложување на вакцинацијата,ќе не чини, уште повеќе изгубени човечки животи – алармира професорот Никола Пановски. Имајќи го предвид, Британскиот сој на Ковид 19, важно е – имунизацијата да започне што поскоро за да избегнеме голем број на заболени, но и на смртни случаи, вели Пановски.

-Критични се овие два-три месеци да се заштедат и пари, а особено животи и болни. Бидејќи средства ќе се заштедат и со скапа вакцина бидејќи најскапо е лекувањето на пост-ковид синдромот. Факт е, дека бразилскиот, особено јужно – африканскиот е попренослив а можеби и поотпорен на веќе создадени антитела од британскиот сој. Така што, тие ќе дојдат.. затоа е важно да започнеме со вакцинирање што побрзо – вели за Алфа, професорот Никола Пановски.

Мутациите на ковид-19 не се ништо неочекувано, новите соеви се тука околу нас и само прашање на време е кога ќе се откријат и прошират, вели тој за весникот ВЕЧЕР.

Тој смета дека не смее да се излегува со предвремени и непроверени информации, но потсетува дека превентивните мерки не треба да се олабавуваат и им препорачува на граѓаните во затворени простории задолжително да носат маски.

Сè уште се прават студии и засега не е потврдено дали новите вируси даваат потешка клиничка слика, нема ниту цврсти докази дека веќе прележаните од ковид-19 немаат имунитет, дали се повторува, дали се јавува кај вакцинираните…Сето тоа, засега е само нагаѓање. Да се надеваме дека вакцината ќе штити и да продолжиме да ги почитуваме мерките и да користиме лична заштита, препорачува професорот Пановски.