Се троши на големо, Македонија се задолжува само за да исплати плати и пензии и да покрие тековни трошоци.
Буџетската дупка за само три месеци достигнала 404,9 милиони евра, односно заклучно со седми април се потрошиле 74 отсто од планираниот дефицит за цела година, обелодени дополнителната заменик министерка за финансии Елена Петрова.
Според анализата од заменик- министерката од први јануари до сега за дури пет пати има поголем раст на расходите отколку на приходите. Власта потфрлила при наплатата на ДДВ, на личен доход, плаќа двојно поголеми камати од лани заради задолжување. Помалку пари во буџетот по основ на ДДВ се собираат и поради тоа што граѓаните купуваат помалку откако се одмрзнаа цените и акцизиите.
Според анализата, Владата работи од ден на ден, односно во Буџетот не се обезбедени средства за плати со пораст за цела година. Она што е најфрапантно е дека додека Владата се расфрла со ветувања , Петрова обелодени дека 1117 здравствени работници се со договор на дело оти не се испланирани пари за нивно вработување
Власта не мисли за стопанството, односно на фирмите им се должи 74 милиони евра ДДВ, а дури 50 проценти од барањата за поврат на ДДВ го пробиле законскиот рок и се од лани. Ова значи дека владата не извоила пари да се раздолжи кон бизнисот.
Анализата говори дека е прекршено и „златното“ правило капиталните расходи да бидат поголеми од буџетскиот дефицит. Има дури и 25 министерства што имаат 0 отсо капитални инвестиции, а до пет отсто реализација имало дури кај 23 министерства.