Денеска е последниот ден од месец Рамазан, а со вечерашниот Ифтар завршува и постот. Тетово преполно со граѓани кои излегле да купат прехранбени производи за празникот Рамазан Бајрам. Тие кои ги анкетиравме велат дека цените се многу високи, а додаваат дека токму пред празникот Бајрам трговците многу ги покачиле цените.

Во мини анкетата во рамки на прилогот на ТВ 21 за цените по овој повод, се вели:

-Да, за Рамазан малку ги покачуваат цените.

-Ги покачиле, ги покачиле.

-Да, и сега ги покачиле, 1кг пиперки 200 денари, 1кг домати 110 денари. Пакетче бонбони 280 денари, благо нешто 1800 денари, што да правиме, месото 700 денари од 500, и 800, криза до гуша.

-Цените се двојни, од 75 денари на 130, го користат денот денеска, тоа се гледа, зошто другите денови не е така, денеска ги покачиле цените да го искористат поводот.

-Поскапо отколку во Германија, почнувајќи од бензинот па се до храната.

Инаку првиот ден од Фитр Бајрам, 10 април, среда, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.