Подготвил: Дарко ЈАНЕВСКИ
Фрагмент од Евангелието по Петар
Евангелието во кое се тврди дека е напишано од апостол Симон Петар, „Евангелието по Петар“ е всушност книга што била изгубена со векови и била откриена дури во 1886 година. Тим француски археолози ископувал кај Каиро, всушност подоле по течението на Нил. Тие ископувале на некои гробишта и наишле на гробница на монах. Мислеле дека е монах бидејќи бил закопан со книга. Тоа е „Евангелието по Петар“, книга која има 66 страници и содржи четири антички документи. Првиот е тој кој се нарекува Евангелие по Петар. Има десет страници, но книгата го нема целиот текст. Ние го немаме целото Евангелие. Книгата почнува од половина реченица, па тоа е всушност фрагмент од „Евангелието по Петар“. Првата страница е црна, на втората страница има крст, на третата страница, на врвот, од левата страница почнува текстот, но почнува од половина реченица. Всушност, тој што ја препишувал книгата, што го копирал Евангелието, најверојатно во шестиот век, ја копирал од примерок кој исто така бил фрагмент, односно тој препишувал од претходна копија која исто така почнувала од половина реченица. Значи, ова откриено Евангелие не е фргмент, туку копијата од кое било препишувано е фрагмент. Книгата, Евангелието почнува со овие зборови:
„… и никој од Евреите не сакаше да ги измие своите раце, па Пилат остана сам“
Ја знаете сцената кога Пилат вели дека Исус е невин, го измива рацете со вода и вели дека е невин за крвта на овој човек пред толпата. А Евреите возвраќаат: „Нека падне неговата крв врз нас и нашите деца.“
Така, Евреите ја преземаат одговорноста за смртта на Исус и оттука и антисемитизмот и омразата кон Евреите како виновни за смртта на Исус.
Евангелието по Петар не ја поддржува ова верзија на настаните. Според Евангелието по Петар, никој од Евреите не сакал да ги измие рацете, што ги прави уште повиновни за смртта на Исус од тоа што е претставено кај Матеј, Марко и Лука. Всушност ова е прилично антиеврејско Евангелие.
Тука е и описот на судењето на Исус, осудата, распнувањето и воскреснувањето, описи што го има и кај Марко, Матеј, Лука и Јован. Но, во описот во ова Евангелие има и многу разлики од евангелијата во Новиот завет. Најголемата разлика е на крајта. Евангелието по Петар го опишува воскреснувањето, нешто што го нема во Новиот завет, каде воскреснувањето не е опишано. Сите овие евангелија велат дека Исус воскреснал, но само Евангелието по Петар опишува како тоа се случило.
Кај Марко, Матеј, Лука и Јован, Исус е раснат, закопан и потоа, три дена подоцна, жените доаѓаат кај гробницата и ја наоѓаат празна. Со други зборови, Исус воскреснал, но евангелијата не ни раскажуваат како тоа се случило. Кај нив нема приказна за тоа како Исус излегол од гробницата. Токму тоа се раскажува во Евангелието по Петар. И тоа е извонредна приказна.
Според ова Евангелие, властите испратиле стража кај гробот на Исус за да бидат сигурни дека никој нема да го украде телото. И додека стражарите ја чуваат гробницата, погледнуваат нагоре и гледаат дека небото се отворило и два ангела се симнуваат од небото, од рајот, каменот кој ја затвора гробницата се истркалува самиот, тие влегуваат во гробницата и додека стражарите гледаат, тројца излегуваат од гробницата. Двајца се толку високи што главите им досегаат до небото, а третиот кого тие го придржувааат е толку висок што главата го надминува небото. И откако тие излегуваат од гробницата, зад нив се појавува крстот и глас доаѓа од рајот и вели:
“Дали проповедавте на оние кои спијат” и крстот одговара „да“. Така што овде го имаме гигантскиот Исус и крстот кој се движи и зборува.
Се разбира, сето ова е метафора. Причината поради која ангелите се толку високи е едноставна: тие се ангели, тие се суперлуѓе, а суперлуѓето се високи. А Исус е повисок од нив бидејќи тој е син на Бога. Крстот кој зборува е метафора за прашањето, дали крстот на Исус се однесува на тие кои веќе се мртви? И одговорот е „да“. Така што, пораката на Исусовото спасение на крстот стигнала и до тие кои што веќе биле мртви пред Исус да се појави на Земјата и тоа е теолошко тврдење проширено преку метафора.
Една од останатите интересни карактеристики на ова Евангелие по Петар е тоа што се случува на самиот крај, бидејќи на крајот авторот се идентификува себеси. Последната строфа од Евангелието го кажува следново:
„Јас Симон Петар и мојот брат Андреј одлучивме да одиме на риболов и со нас дојде Леви, синот на Алфеус, кому Господ…“, и реченицата тука прекинува, кажувањето застанува точно во средина на реченицата и не сме сигурни што точно ќе се случи следно. Но, тоа што можеме да претпоставиме е дека ќе одат на риболов и ќе го видат Исус како се подигнува од мртвите и ќе разговара со нив, но Евангелието застанува тука.
Тоа што е интересно е дека авторот на ова Евангелие се идентификува себеси: “Јас, Симон Петар”. Тоа е впечатливо бидејќи Евангелијата по Матеј, Марко, Лука и Јован кои ги има во Новиот завет се напишани од автори кои не се идентификуваат, па тие евангелијата се анонимни. Подоцна некои препознале дека „ова е напишано од Матеј“, „ова е напишано од Марко“, „ова од Лука’, и некои „уредници“ ставиле наслов „Евангелие според Матеј“, но нема ништо во Евангелието по Матеј врз основа на што би заклучиле дека токму Матеј го напишал тоа евангелие, нема нарација во прво лице, авторот не кажува, на пример, „еден ден Исус ми пријде и отидовме во Ерусалим, правевме тоа и тоа“.
Се е нарација во трето лице, но не и кај „Евангелието според Петар“. Тоа е напишано од некој кој тврди дека е Петар, но ова Евангелие е напишано некаде во раната втора деценија од вториот век, најмалку 60 години откако Петар умрел, значи некаде помеѓу 110 и 120 година. Ова е некој кој тврди дека е Петар, знаејќи убаво дека не е така, па со други зборови, лаже за својот идентитет.
Во античкиот свет го сметаат тоа за лага, во модерниот свет тоа го нарекуваме фалсификат – некој што тврди дека е друга личност. Научници на Новиот завет долго време тврдеа дека овој вид на литерарна активност на тврдење дека си некој друг била широко распространета и прифатлива во античкиот свет.
Прашањето е зошто имал потеба да ги напише овие редови. Науката, засега нема одговор.