Фирма со руски капитал и со седиште во ЕУ се обидела да добие тендер во Министерството за одбрана со што би имала пристап до информатичкиот систем, но понудата е отфрлена и е отпочната предистрага, открива министерката Славјанка Петровска во интервју кое ќе биде емитувано вечерва на ТВ Телма во емисијата КОД.

Петровска во интервјуто говори и за фирмата чиј сопственик е Дрин Ахмети, кој е внук на лидерот на ДУИ Али Ахмети, успеала да добие тендер во одбрана додека за него се водат две предистраги.

КОД открива и средба на актуелен министер во владата со Американскиот контроверзен бизнисмен Ник Мехмети, кој во Далас, Тексас има стриптиз барови. Ник Назар Мехмети инаку е бизнис партнер на Дрин Ахмети.

Во емисијата која се емитува вечерва ќе стане збор и за фирми кои не ги враќаат парите на Еуростандард банка туку ги затвораат.

Извор: ТВ Телма