Средба со Карен Донфрид, помошник државна секретарка на САД за европски и евроазиски прашања – потврда на интензивните и блиски контакти помеѓу двете земји како стратешки партнери и сојузници за одржување на глобалниот мир и регионалната стабилност, објави денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска.
-Отвораме поглавје на уште поблиска соработка, Северна Македонија е прва земја од Западен Балкан што ќе одржи Стратешки дијалог со САД на почетокот на јуни во Вашингтон. Континуирана, конзистентна и безусловна поддршка за почеток на пристапните преговори со ЕУ заради заокружување на евроатлантските интеграции, се согласивме дека членството во Унијата има изразена безбедносна димензија како придонес кон мирот и стабилноста во регионот што со членството на нашата земја во НАТО стана посигурен. Обединети сме во нашата поддршка и солидарност со украинскиот народ и јасна осуда за руските воени дејствија во земјата, објави Петровска на својот официјален профил на Фејсбук.