Бившиот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, кој пред својот мандат ветуваше од „чист ајро“ до тунел под Кале, се труди да биде духовит, откако скопјани му дадоа шут карта на локалните избори.

Тој вчера објави „духовит поткуп на патриот“. Како што објави на својот профил на Фејсбук, за време на настаните од 27 април со Собранието на Македонија, успеал да се исценка и од некој „дедо патриот“ да му го откупи чадорот за 1.000 денари од свој џеб иако, според Шилегов, чадорот вредел двојно поевтино.

Така Шилегов се обиде да ги омаловажи патриотите и патриотските чувства на тие што не веруваа во шарени револуции и шарени лаги.

Денеска, пак, Шилегов својата публика на Фејсбук ја забавува со друга „мангупска духовитост“ во врска со вчерашниот протест на истакнатиот македонски оперски пејач Игор Дурловски пред Собранието на Македонија за поддршка на политички осудените патриоти.

– Ама нели превозот ќе беше бесплатен? Што сега Зоолошка?- напиша „духовито“ бившиот скопски градоначалник Шилегов под фотографијата од протестот на Дурловски.

Да, да, господине Шилегов… бесплатен превоз низ тунелот под Кале што го вети и го изгради. Како и бесплатно возење на тоа тркалото што го најави и го изгради за време на мандатот. И скапо платените веб-страници, што никогаш не проработеле…