Единството и сојузништвото се носечки столб на Алијансата и сите ние стоиме како едно, обединети во нашата цел, објави министерката за одбрана Славјанка Петровска од Брисел.
– НАТО е одбранбена Алијанса која нема да дозволи нарушување на безбедноста на територијата на земјите-членки, објави Петровска на својот официјален профил на Фејсбук.
И Владата на својот официјален профил на Фејсбук објави информација за состанокот на НАТО во Брисел:
– НАТО е одбранбена Алијанса која е цврсто одлучна и обединета во нејзината основна цел – одвраќање на сите потенцијални непријателски активности и одбрана на секоја педа НАТО територија, е заклучокот од денешната прва сесија на министрите за одбрана на сојузничките земји. Министерката Петровска посочи дека С. Македонија останува одлучна во својот придонес кон заедничките цели на сојузниците, за што континуирано вложува во развојот на своите капацитети и модернизацијата и опремувањето на Армијата, соопшти Владата.