Имавме средба во Пентагон со заменикот – помошник секретарот за одбрана и меѓународни безбедносни работи, Колин Кал, каде развиваме суштинска соработка за посилно НАТО и побезбеден регион, објави доцна вечерва министерката за одбрана, Славјанка Петровска.
– Стратешкото партнерство помеѓу С. Македонија и САД е надградено со НАТО сојузништво и Стратегиски дијалог за уште посилна и поблиска соработка, вклучително и во областа на одбраната, објави Петровска на својот официјален профил на Фејсбук.
Како што веќе објавивме, министерката Петровска е во повеќедневна посета на САД, каде што заедно со нејзините колеги министри Бујар Османи, Крешник Бектеши и Бисера Костадиновска – Стојчевска го водат Стратешкиот дијалог со САД.