Кус разговор со американскиот секретар за одбрана имала денеска министерката за одбрана на Македонија, Славјанка Петровска, во седиштето на НАТО.
– С. Македонија и Соединетите Американски Држави, заедно како сојузници со исти вредности и иста цел – враќање на глобалната безбедност и непоколеблива посветеност на членот 5 – заедничкото гарантирање на безбедноста на сите земји-членки на НАТО. Кус разговор со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин пред заедничкиот министерски состанок во седиштето на НАТО, објави Петровска на својот официјален профил на Фејсбук.
Петровска во објавата го додава хаштагот DefMin.
Видеото од изјавата на Петровска може да го погледнете ТУКА.