Добредојде за вицепремиерот и државен министер за одбрана на Катар, Халид Бин Мохамед Ал-Атија, кој пристигна во својата прва официјална посета на С. Македонија и на Министерството за одбрана.

Ова на катарскиот колега му го порача македонската министерка за одбрана, Славјанка Петровска.

– Зборувавме за безбедносната ситуација во светот, и се согласивме дека најкусиот пат кон мирот и стабилноста е дијалогот. Одбранбената соработка меѓу С. Македонија и Катар кој е важен НАТО партнер, има огромен потенцијал за развивање, а посетата на вицепремиерот и министер за одбрана Ал – Атија е најдобрата можност да ги конкретизираме областите за соработка, објави Петровска на својот официјален профил на Фејсбук.

Вицепремиерот и министер за одбрана беше пречекан со највисоки почести и црвен тепих, а Петровска објави повеќе фотографии од овој настан.