Со денешните прелети на македонското небо на воздухоплови Б52 се демонстрираше силното сојузништво и кохезијата помеѓу партнерите и сојузниците во НАТО, објави денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска.
– Присуството на U.S. Air Forces in Europe and Air Forces Africa и прелетите на #b52buffon се доказ дека нашето небо е безбедно, а нашето членство во НАТО е повеќе од видливо!- напиша Петровска на својот официјален профил на Фејсбук.
Како што беше најавено од синоќа од Министерството за одбрана, два американски бомбардери денеска попладне ја надлетаа Македонија и главниот град Скопје.