Ние не отстапуваме од целосна поддршка за почитување на територијалниот суверенитет и интегритет на Украина, вели министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Таа на својот официјален профил објави за денешната средба со Лариса Дир, новата украинска амбасадорка  во Македонија.

– Средба со новоименуваната амбасадорка на Украина, Лариса Дир и одбранбеното аташе Серхии Кацуба. Во време кога војната и насилството се реалност, на Меѓународниот ден на мирот заедно со амбасадорката ги реафирмиравме заложбите за воспоставување на мир бидејќи загубата на човечките животи и уништувањето во оваа земја мора да запре со комплетен прекин на воените дејствија. Продолжуваме со веќе воспоставената успешна соработка и Северна Македонија не отстапува од полната поддршка за почитување на територијалниот суверенитет, интегритет на Украина преку почитување на меѓународниот правен поредок, објави Петровска.

Пораките на македонската министерка се на Мешународниот ден на мирот и денот кога во Русија е објавцена мобилизација на 300.000 резервисти за војната со Украина.