Документарниот филм за најголемата воена вежба во С. Македонија „Брз одговор 22“ ќе се емитува на Денот на Армијата, 18 август на МРТ 1, објави денеска министерката за одбрана Славјанка Петровска.
– Низ објективот на камерата погледнете ги импресивните капацитети на армискиот полигон Криволак, отсликани преку заложбите и успешноста на НАТО силите да одговориме и да се поддржиме едни со други како сојузници. Филмот е поддржан од нашиот силен и доверлив сојузник во НАТО – Обединетото Кралство, а е во продукција на „360 степени“ кои работеа заедно со 77-та бригада на британските одбранбени сили, објави Петровска на својот официјален профил на Фејсбук.
Министерката потсетува дека филмот на МРТ почнува во 17:45 часот.