Од 23 до 25 ноември учествувам на Годишната сесија на Парламентарното Собрание на НАТО, која се одржува во Монтреал, Канада, објави на својот ФБ профил пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.
– Утрово присуствував на состанокот на Комитетот за демократија и безбедност, каде што имавме продуктивна сесија со Харџит Сајан, министер задолжен за подготвеност за итни ситуации. Разговаравме за значајни теми, како што се борбата против дезинформациите, улогата на вооружените сили во справување со природни непогоди и зајакнување на односите со сојузниците, објави Петровска.
На оваа средба, додава Петрвска, ги усвоивме извештаите: Историјата и идентитетот под напад: Заштита на културното наследство во услови на конфликт и Влијанието на нестабилноста при снабдувањето со вода врз заедничката безбедност.
– Во текот на денот продолжуваме со заеднички тематски состаноци на комитетите, со цел продлабочување на соработката и зајакнување на безбедносните приоритети на алијансата, објави Петровска.