Плановите на западните земји се да продолжат да ја распаѓаат Русија и на крајот да ја избришат од политичката карта на светот. Соочени со новите воени закани, за нас е важно да имаме такви вооружени сили и специјални служби, така што руските противници да не можат ниту да помислат дека можат да се борат против нас, изјавил Николај Петрушев, секретар на рускиот совет за безбедност и близок сојузник на Путин за весникот „Аргументи и факти“
Блискиот сојузник на Владимир Путин, денеска изјавил дека конфликтот во Украина е воена конфронтација меѓу Русија и НАТО.
-Настаните во Украина не се судир меѓу Москва и Киев – ова е воена конфронтација меѓу Русија и НАТО, а пред сè со САД и Британија, изјавил Патрушев за весникот.
Патрушев вели дека Западот се обидува да ја расцепи Русија, пренесува Ројтерс.
-Плановите на западните земји се да продолжат да ја распаѓаат Русија и на крајот да ја избришат од политичката карта на светот. Соочени со новите воени закани, за нас е важно да имаме такви вооружени сили и специјални служби, така што руските противници да не можат ниту да помислат дека можат да се борат против нас, додал Петрушев.
Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека руски воен брод вооружен со хиперсонично крстосувачко оружје одржал вежби во Норвешкото Море, јави Ројтерс.
-Екипажот на фрегатата Адмирал Горшков изведе вежба за воздушна одбрана во Норвешкото Море. Екипажот… спроведе вежба за одбивање средства за воздушен напад на симулиран непријател во Норвешкото Море, соопшти Министерството.
Минатата недела, потсетува новинската агенција, рускиот претседател Владимир Путин ја испрати фрегатата во Атлантскиот Океан вооружена со хиперсонични крстосувачки ракети од новата генерација, што е сигнал до Западот дека Русија нема да отстапи поради војната во Украина.
Фрегатата е вооружена со ракети од типот „циркон“ за кои Русија вели дека летаат со брзина девет пати поголема брзина од звукот и имаат домет од над 1.000 километри.
Русија го гледа оружјето како начин за пробивање на се пософистицираната американска ракетна одбрана за која Путин предупреди дека еден ден може да ги собори руските нуклеарни проектили.
Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев минатата недела ги предупреди САД дека хиперсоничните ракети наскоро ќе бидат блиску до бреговите на НАТО.