Поради процесот на балканизација, односно билатеризација на процесот на проширување сме блокирани, односно е злоупотребено ветото на земја членка на ЕУ, изјави вчера во своето гостување во „Наткаст“ со Љупчо Цветановски пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Марија Петрушевска.
-Повеќе од неопходно е да се размислува за реформи во рамкте на носењето на одлуки во процесот на проширување, се споменува тоа квалификувано мнозинство со цел да се одблокираат процесите кои што не се поврзани со самиот процес на проширување, вели Петрушевска.
На патот кон ЕУ блокирани сме поради злоупотреба на ветото од земја членка на Унијата, вели пратеничката.
-Наметнувањето на билатералните прашања во поцесот на проширување е единствен случај со Македонија. И Хрватска имаше спор, но и беше дозволено да го започне процесот на преговори и процесот со сосдедот да го решава паралелно, се до нејзиното приклучување. Ние за жал поради процесот на балканизација, односно билатеризација на процесот на проширување сме блокирани, односно е злоупотребено ветото на земја членка на ЕУ, изјави Петрушевска во гостувањето во „Наткаст“.
Во продолжение погледнете го целото гостување на пратеничката Петрушевска.