Ако ССМ не ги криел платите, тогаш на кој сајт или друго јавно достапно место се објавени? Пешевски е на чело на синдикат каде работниците на скелиња земаат минимална дневница, за разлика од таа на Пешевски, кој е поставен таму не од граѓаните како пратениците, туку од тесен круг од неговите пријателчиња од ССМ, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.

-И таа позиција си ја наследуваат од колено на колено, како и неговите пријатели и ментори од црвената буржоазија на СДС. Ако Пешевски со имот и примања како комунистички директор е претставник на работничките права, тогаш неговиот ментор Заев е чесен човек, а тие Лех Валенса, рече тој.