Јас сум скоро убеден дека овдека се работи за политичка спрега, од една страна имаме функционер од власта кој што се јавува како тужител, и кој што морал да знае дека имунитет, бидејќи и тој е пратеник и морал да ги знае законите заради тоа што тоа се основните закони по кои ние работиме, но и морал да го познава Уставот на Република Македонија. Дополнително што истиот е правник, истакна пратеникот Бране Петрушевски во гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија говорејќи за тужбата од страна на Мартин Костовски.

„А, второ судијата не може да не ги знае базичните закони во Република Македонија. Настрана што постојат сериозни меѓународни конвенции кои што Република Македонија е потписник. И на крајот на краиштата и двајцата имале увид во поднесокот кој што мојот застапник го достави, во кој што се што јас ова го зборувам го објаснува“, рече Петрушевски.

Петрушевски додаде дека имунитетот е јасен, апсолутен и се однесува на пратеникот како што е утврдено со Уставот на Република Македонија.

„Ова што ми се случува е сериозен преседан. И овде не се работи лично само за Бране Петрушевски, овдека се работи за сериозно подривање на демократијата во државава. И веќе заробена држава со дефектна демократија ние веќе навлегуваме во тоталитарен режим“, укажа пратеникот.

„Јас оваа битка ќе ја терам до крај, ќе ја терам и до Стразбур ако треба. А, најпрвин ќе ги испочитувам сите домашни инстанци“, рече тој.

Тој посочи дека судијата кој што ја донел оваа пресуда треба да се разреши.

„Ќе поднесам претставка до Републичкиот судски совет. Со таа претставка ќе барам изрично разрешување на овој судија кој што ја донел оваа пресуда“, нагласи Петрушевски.

Петрушевски рече дека тоа го прави за да се започне со една борба за ветинг на судиите во државата. Бидејќи оваа пресуда кон мене не е незнаење, не е непознавање туку е директно политичко влијание и притисок под кој подлегнал судијата.

„Сметам дека како идна Влада имаме сериозни задачи во делот на реформа на правосудниот и обвинителски систем, и пред се од аспектот на оттргнување на политизацијата од таму, подигање на квалитетот“, појасни пратеникот.