Совршено е јасно што се случува! Тодоров го газеше снегот за Заев, за денес Заев да го објави мастер планот. Демек Мицкоски бил пречката ВМРО и СДС да се сакаат, а не тоа што Заев ја покраде државата.
На Тодоров му е криво што ВМРО-ДПМНЕ не мисли исто како Заев. Практично од денес па понатаму секој еден Македонец, но и член на ВМРО, треба Тодоров да го гледа како дел од екипата на Заев.
Најголемата среќа за ВМРО, а најголемиот пораз за двоецот Заев – Тодоров, е што Мицкоски е на чело на ВМРО. Дотаму дојде што за Тодоров не е спорно што Заев тргнал да бира лидер на ВМРО, туку што ВМРО не е ортак со Заев, како тој што е ортак и негов слуга.
Обедување со криминалци нема, може само да има одговорност. А за Тодоров можам да кажам нема дно што не го проби. Тој е најдобриот СДС-овец на Заев. Уценет бетер од Боро Малборо. За јаничарите велеле нашите “пу јазк”!
П.С
Дали е вистина Тодоров дека во приватни разговори си кажувал дека и подобро што не си бил претседател на ВМРО-ДПМНЕ во тешки мигови за партијата, како промената на името, затоа што си уценет и затоа што ќе ја држеле партијата во заложништво?
Ако тогаш си бил уценет, и сега си! Но сега прифаќаш да бидеш кловн и да ја уништуваш ВМРО.